За Нас – Тајната Соба на Худини

За Нас

Ние сме тимот зад Escape Room Geeks — македонска компанија која од 2020 година создава уникатни escape room искуства за дома.

Нашата приказна започна со една едноставна идеја: да ја донесеме магијата на escape room игрите во вашиот дом.

2020 Од година
13 Printable игри
10K+ Играчи во светот

Ново поглавје — на македонски

Преку нашиот вебсајт escaperoomgeeks.com, ги пласираме нашите игри на странскиот пазар. До денес имаме создадено 13 printable escape room игри, кои ги играат илјадници луѓе ширум светот — во домови, училници и на забави.

„Тајната Соба на Худини” е посебен чекор за нас. Ова е нашата прва игра во физичка кутија, прва игра целосно преведена на македонски јазик, и прва игра наменета специјално за македонскиот пазар.

Со оваа игра, за првпат го носиме нашето искуство директно во македонските домови.

Игрите можат да бидат повеќе од забава

Нашата мисија е да создадеме искуства кои навистина оставаат траг.

Развиваат логика

Загатките не се само за забава — го тренираат начинот на размислување.

Поттикнуваат тимска работа

Никој не решава сам — секоја кутија е малечок експеримент во соработка.

Ги поврзуваат луѓето

Семејството собрано околу маса. Без екрани. Прави разговори.

Создаваат моменти

Aha-моментот кога ќе се отклучи последниот катанец — тоа е она што го паметите.

Зад секоја игра стои посветен тим

Мал тим, голема страст. Луѓе кои живеат за моментот кога ќе решите загатка.

Иван Вулгаракис

Иван Вулгаракис

Game дизајнер

Креаторот на загатките и приказните што ја водат играта. Секоја мистерија поминува низ неговите раце пред да стигне до вашата маса.

Андреј Вулгаракис

Андреј Вулгаракис

Графички дизајнер

Одговорен за визуелниот изглед и атмосферата на игрите. Тој ја создава естетиката што ве вовлекува во светот на Худини.

Никола Гулевски

Никола Гулевски

Growth & Digital

Сè што е потребно играта да го најде својот играч.

Креатори на искуства

Ние не сме само тим — ние сме ентузијасти за escape room игри кои постојано се стремат да создаваат загатки од светска класа.

  • Графички дизајн
  • Раскажување приказни
  • Game дизајн
  • Уметност

Спојувајќи ги за да создадеме нешто повеќе од игра.